Најава за прекин во водоснабдувањето на 04.02.2026

Од ЈП „Водовод и Канализација“ информираат дека на 4 февруари 2026 година (среда) се планирани два зафати во водоводната мрежа, поради кои дел од граѓаните ќе останат без вода.

 

Првиот зафат е на ул. Адам Мицкиевиќ бб, пред Основното училиште „Киро Глигоров“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато за корисниците на ул. Адам Мицкиевиќ, вклучително и училиштето, дел од ул. Козара и дел од ул. Васил Ѓорѓов. Прекинот ќе трае од 08:30 часот до завршување на санацијата. (Општина Центар)

 

Вториот зафат е на ул. Оtokar Kершовани бб. Водоснабдувањето ќе биде прекинато за корисниците на ул. Оtokar Kершовани, вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, ул. Петре Георгиев и ул. Чаирска, од 08:00 часот до завршување на дефектот. (Општина Чаир)

 

ЈП „Водовод и Канализација“ ги замолува граѓаните за разбирање и ги советува да обезбедат потребни количини вода за време на прекинот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.