Општина Илинден набави нова противпожарна и комунална опрема за ЈКП „Илинден“
- Детали
- Категорија: Илинден
- Создадено: 25 Ноември 2025
Општина Илинден продолжува со инвестиции во модернизација на јавните комунални претпријатија со цел унапредување на услугите и поквалитетен живот за граѓаните. За потребите на ЈКП „Илинден“ е набавена нова противпожарна опрема, но и механизација за поефикасно одржување на јавната чистота, зеленилото и парковите.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, при промоцијата на новата опрема истакна дека континуираното обновување на механизацијата е клучно за брзо, квалитетно и ефикасно извршување на комуналните услуги. Тој потенцираше дека набавката на противпожарна опрема е од особена важност, бидејќи значително го зголемува капацитетот за помош при интервенции во случај на пожар, со што се зголемува безбедноста на целата територија на општината.
Во рамки на набавката, обезбедени се 15 противпожарни метли и 10 грбни прскалки за гаснење пожари. Дополнително, набавена е нова опрема за одржување на јавната чистота и зеленилото, вклучувајќи моторни косилки (тримери), моторна пила, бензинска косилка и моторна прскалка (дувалка).
Со оваа модернизација, Јавното комунално претпријатие „Илинден“ ќе може уште поактивно да учествува и да помага при гаснењето на пожари, покрај своите редовни надлежности кои опфаќаат собирање и транспортирање на комунален отпад, одржување на јавната чистота, уредување на парковите и зелените површини, одржување на улиците, сообраќајниците и јавното осветлување.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












