„Мајски цвет“ пред финиш на реконструкцијата

Градинката „Мајски цвет“ во населбата Тафталиџе 1 се наоѓа во завршна фаза од целосната реконструкција. Денеска (11 февруари 2026 година) увид во градежните активности извршија градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

 

Со проектот се врши сеопфатно обновување на објектот, со акцент на подобрување на условите за престој, зголемување на безбедноста и унапредување на енергетската ефикасност. Инвестицијата е обезбедена од Владата, преку ресорното министерство, во партнерство со локалната самоуправа.

 

Од Општината информираат дека поради дополнителни и непредвидени градежни интервенции, рокот за реализација е пролонгиран, при што се обезбедени и дополнителни финансиски средства за довршување на проектот. Во соработка со Министерството е поднесено и барање за набавка на нова опрема, со цел објектот што побрзо да биде подготвен за прием на децата.

 

По комплетирањето на реконструкцијата, „Мајски цвет“ ќе функционира како современа и енергетски ефикасна установа, прилагодена на потребите на најмладите жители на Карпош.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.