Со доградбата на ОУ „Невена Георгиева – Дуња“ се обезбедуваат околу 560 квадратни метри нов простор

Проектот за доградба на училиштето „Невена Георгиева – Дуња“ во Општина Кисела Вода се наоѓа во активна фаза на реализација и претставува значајна инвестиција насочена кон подобрување на условите за настава и одговор на зголемениот број ученици, информираше градоначалничката Бети Стаменковска.

Во моментов, во училиштето настава посетуваат 705 ученици, што е зголемување од 150 ученици во изминатите три години. Со доградбата се обезбедуваат околу 560 квадратни метри нов простор, со изградба на шест нови училници, нови санитарни јазли и значително подобрени функционални услови, со што се создаваат предуслови за поквалитетен наставен процес. 

Проектот се реализира со поддршка од Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука, преку програмата за финансирање на капитални инвестиции во општините (втор повик), што е уште еден пример за успешна и ефикасна соработка меѓу локалната и централната власт.

Во ова, како и во сите други училишта на територија на општината, поставивме фотоволтаични системи, а за сите училници и за училишната спортска сала обезбедивме пречистувачи на воздух.  Сакам да упатам искрена благодарност до премиерот на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, до Владата на Република Македонија и до министерката за образование и наука, Весна Јаневска, за поддршката и партнерскиот однос.  Кога институциите работат усогласено, резултатите се конкретни, видливи и директно насочени кон добробитта на децата и учениците, кажа денеска градоначалничката при увид  во градежните активности за доградба на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Општина Кисела Вода, каде присуствуваше премиерот и министерката за образование и наука.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.