„Чекори што не згаснуваат“ – вечер посветена на Симеон Чулев

Велат дека играорците не заминуваат засекогаш, туку само го менуваат ритамот. Таков беше Симеон Чулев – повеќе од член на ансамбл, дел од душата на секое оро, секој чекор и секој искрен „Аирлија“ зад сцената. Со својот ведар дух, неизмерна љубов кон традицијата и посветеност на уметноста, тој остави трага што времето не може да ја избрише.

 

На 27 февруари 2026 година, со почеток во 19:30 часот, во Македонскиот народен театар, ќе се одржи незаборавна вечер под наслов „Чекори што не згаснуваат“. Настанот ќе биде музичка ретроспектива посветена на ликот и делото на Симеон, славење на неговата посветеност и вечните вредности што ги остави зад себе.

 

Билети за настанот се достапни на билетарата на МНТ секој работен ден и пред почетокот на настанот, како и онлајн преку официјалниот систем на влезници на МНТ (mnt.mk).

 

Уметноста не познава време, а длабоките траги никогаш не згаснуваат. Ве очекуваме да го споделиме овој посебен миг заедно.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.