Промоција и детска претстава за „Златната книга на Лудви“ од Тина Иванова

Во рамките на фестивалот „Денови на литературата“ во организација на „Арс Ламина“, оваа сабота, 7 февруари, во книжарницата „Литература“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи промоција на детската книга „Златната книга на Лудви“ од авторката Тина Иванова. Настанот започнува во 18 часот, а илустрациите во книгата се дело на Рената Јосифовска.

 

Книгата е инспирирана од животот и музиката на Лудвиг ван Бетовен и претставува прво издание од серијалот за деца „Музичка кутија“, кој ќе опфати уште четири книги инспирирани од Моцарт, Бах, Верди и Чајковски. Станува збор за оригинален пристап што класичната музика ја доближува до најмладата публика преку приказни и фантазија.

 

Промоцијата ќе се одвива во форма на разговор меѓу авторката и уредничката Бисера Бендевска. По официјалниот дел, публиката ќе има можност да проследи и кратка претстава за деца, во која ќе учествуваат Тина Иванова и диригентката Дијана Имери Илкоска, со изведба на музика од Бетовен на пијано.

 

„Златната книга на Лудви“ не е биографска приказна, туку бајка што создава нов свет инспириран од духот на големиот композитор. Главниот лик е љубопитно дете кое сака книги и музика, а низ приказната се соочува со низа неочекувани и возбудливи авантури, носејќи силни емоции и пораки за деца и возрасни.

 

Издавач на книгата, како и на целиот серијал „Музичка кутија“, е издавачката куќа „Либи“, дел од „Арс Ламина публикации“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.