ELeVATE ја отвора темата за жените во паметните енергетски технологии

Во Europe House во Скопје, на 9 февруари 2026 година, ќе се одржи официјалната промоција на проектот ELeVATE – Women in Net-Zero Technologies, посветен на унапредување на улогата на жените во развојот и примената на паметна електрична енергија за објекти и одржливи Net-Zero решенија.

 

Настанот ќе собере претставници на државни институции, европски и меѓународни организации, академската заедница и приватниот сектор, со фокус на создавање простор за дијалог и размена на идеи за професионален развој на жените во енергетиката и напредните технологии. Преку презентација на проектот ќе бидат претставени неговите цели, активности и очекувани резултати.

 

Во рамки на програмата е предвидена панел-дискусија со високи претставници од европските и националните институции, како и од релевантни организации од областа на енергетиката, образованието и технологијата. Дискусијата ќе ја отвори темата за родовата еднаквост како клучен елемент во транзицијата кон одржлива и климатски неутрална економија.

 

Настанот ќе започне во 13:00 часот со регистрација на учесниците, а по официјалниот дел ќе следуваат заклучоци, прашања и одговори, како и можност за неформално вмрежување. Учеството е бесплатно, а деталната агенда е доставена во прилог.

 

Со овој настан, проектот ELeVATE испраќа јасна порака за потребата од поголема вклученост на жените во креирањето на зелени, паметни и иновативни енергетски решенија за иднината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.