Зајакнување на дигиталното земјоделство во Македонија
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 16 Февруари 2026
Во рамките на проектот „Зајакнување на дигиталното земјоделство во Македонија“, финансирaн од CMSR официјално беше промовирана новата дигитална опрема што ќе го трансформира начинот на кој се учи, истражува и практикува земјоделството во нашата држава.
Настанот се одржа во присуство на министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Биљана Ангелова, деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, проф. д-р Миле Маркоски, амбасадорот на Република Словенија во нашата држава Н. Е. Грегор Прескер, како и генералниот директор на Центарот за меѓународна соработка и равој (CMSR), г. Дејан Прешичек, партнери кои со своето присуство испратија јасна порака: земјоделството е стратешка иднина.
Проектот „Зајакнување на дигиталното земјоделство во Македонија“ претставува конкретна реализација на националниот Акциски план за дигитализација, што Владата активно го спроведува во изминатиот период.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















