Олимпиецот Ставре Јада го освои 83-то место од 113 пријавени крос-кантри натпреварувачи
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 13 Февруари 2026
На олимписката патека во рамките на Тесеро крос-кантри Олимпискиот стадион, нашиот најдобар нордиец Ставре Јада го освои 83-то место (од 113 пријавени спортисти на стартот на трката) со заостанување од 4:52,7 минути зад новиот олимписки шампион, Ј. Х. Клебо од Норвешка.
"Со овој настап, нашите најдобри спортисти во крос-кантри го заокружија своето учество на Зимските Олимписки игри Милано Кортина 2026. Иако патот до врвот е тежок, нивниот настап е доказ за континуитетот на македонското скијачко трчање на светската сцена. Ана и Ставре го дадоа своето најдобро! За уште подобри резултати во иднина, неопходна е многу поквалитетна работа и многу поголеми вложувања во овој прекрасен спорт од страна на сите релевантни институции во нашата држава", се вели во објавата на МОК.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















