Јана Атанасовска не ја совлада патеката во велеслалом, втора шанса ќе има в среда на слалом трката
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 15 Февруари 2026
Јана Атанасовска без пласман во велеслалом на ЗОИ Милано Кортина 2026.
На Зимските олимписки игри „Милано-Кортина 2026“, можеби најголемата надеж на Македонското алпско скијање, Јана Атанасовска, не успеа да ја совлада патеката во велеслалом и по само 22 секунди возење, таа го заврши своето учество на Олимписката велеслаломска трка.
Атанасовска сега ја носи тежината како последен македонски претставник на овие Олимписки Игри. Нејзиниот настап во слалом на 18. февруари повеќе не е само обична трка, туку последна шанса да се поправи впечатокот од учеството на ЗОИ 2026, информираат од МОК.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















