Австрискиот амбасадор во ЕУ поднесе оставка поради сомнежи за објави на мизогиниски блог
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 31 Јули 2025
Постојаниот претставник на Австрија во Европската Унија, амбасадорот Томас Оберајтер поднесе оставка, откако виенскиот весник „Стандард“ минатата недела го обвини дека е автор на напис на блог кој поттикнува омраза, нетрпеливост и предрасуди кон жените.
Според тврдењата на „Стандард“, Оберајтер по псевдонимот Каро и преставувајќи се како жена, на блогот експлицитно опишувал сексуален напад врз девојка во ноќен клуб.
Оберајтер, кој е австриски амбасадор во ЕУ од 2023 година, ги негираше обвинувањата на „Стандард“, но сепак поднесе оставка.
Австриското Министерство за надворешни работи соопшти дека откако била информирана за случајот, шефицата на дипломатијата Беате Мајнл-Рајзингер во саботата наредила истрага за наводите.
- Во понеделникот, амбасадорот побара негово разрешување поради лични причини, информира портпарол на Министерството.
Уште пред наводите изнесени во „Стандард“, австриската истражувачка платформа „Бездна јама“ објави дека „високо позициониран дипломат“ со години под женски псевдоним пишувал содржини на мизогиниски блог со експлицитни прикази за силувања на жени.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












