Тропските прашуми во Австралија станале извор на јаглерод - првиот научен доказ за опасна пресвртница во човековата борба за опстанок
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 21 Октомври 2025
Истражување на тропските прашуми во Австралија покажа дека овие зелени ткива што некогаш апсорбираа CO₂, пред отприлика 25 години станале извор на емисии на CO₂ во атмосферата како последица од сушење, високи температури и нехумана експлоатација.
Ова е првиот научен доказ за опасна пресвртница во човековата борба за опстанок која не е изолиран или краткотраен инцидент туку веќе 20-годишна реалност.
Дрвјата во текот на својот развој складираат јаглерод, а го испуштаат кога почнуваат да гнијат и да умираат, но австралиските се првите прашуми во светот за кои со континуирани следења научниците утврдиле дека се претвориле во нето емитери на CO₂ бидејќи дрвната маса не се обновува доволно брзо.
Според научниците ова е предвесник на постапокалиптичната реалност што многу скоро нѐ чека секаде во светот. Тие тврдат дека ваквите сознанија мора да нѐ насочат на уште побрзо оттргнување од користење фосилни горива и воведување практики за што поодржлив живот.
На Скопје, Македонија и Земјата им е неопходна директна, радикална и транспарентна акција. Особено ќе бидат погодени земјите во транзиција како што е нашата (особено зашто тука дивее корупцијата) поради негрижата за шумите, прекумерната експлоатација на водните ресурси, агресивната бетонизација, негрижата за урбаното зеленило и неправилното управување со отпадот.
Затоа, почнувајќи од локално ниво инвестирањето во обновлива енергија, зачувување и регенерација на природата, одржливо управување со ресурсите мора да ни биде обврска, а не избор! Зеленилото не е декор во инвеститорските урбанистички планови! Секоја одговорна власт има должност да го приоритизира зачувувањето на екосистемите како основа за здраво општество.
Ние во ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД не прифаќаме половични решенија. Немаме време за погрешни чекори зашто знаеме дека ние, луѓето, Земјата нема да ја уништиме, но ќе си ги уништиме нашите услови за живот на неа!
Потпиши се за ЗХГ да формира партија денес! Помогни ни да можеме непречено да се бориме за нула отпад, за инвестиции во обновлива енергија, за зелени и хумани урбанистички планови! Упатство за давање потпис за ЗХГ.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












