Усвоена Националната стратегија за мали и средни претпријатија 2025–2030

Министерството за економија и труд ја претстави новата Национална стратегија за мали и средни претпријатија (МСП) за периодот 2025–2030 година, која треба да послужи како патоказ за зајакнување на конкурентноста и отпорноста на приватниот сектор. Со оглед на тоа што овие претпријатија сочинуваат дури 99 проценти од вкупниот број фирми во државата и вработуваат речиси три четвртини од работната сила, документот има за цел да создаде поволен амбиент за иновации и долгорочна социјална стабилност.

 

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на промоцијата истакна дека оваа стратегија не е само формалност, туку конкретна заложба за поддршка на домашните претприемачи. Тој потенцираше дека малите и средни претпријатија се клучниот мотор на економскиот раст, бидејќи секој нивен успех директно придонесува за посигурна иднина на семејствата и јакнење на државната економија.

 

Главната визија на стратешкиот документ е да ги трансформира домашните претпријатија од пасивни учесници на пазарот во лидери на економските промени. Преку предвидените мерки во наредните пет години, државата планира да овозможи полесен пристап до финансии и нови технологии, со што македонските компании би станале поподготвени за предизвиците на регионалните и европските пазари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.