Герасимовски: Светиот крст симбол на надеж и благосостојба за граѓаните на Центар
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 20 Јануари 2026
Во Општина Центар денеска се одржа средба со центарецот Дарко Митровиќ, кој на празникот Богојавление – Водици го извади светиот крст од водите на реката Вардар. Настанот помина во топла и свечена атмосфера, во духот на празникот и заедничките христијански вредности.
Митровиќ ја посети општината носејќи го со себе светиот крст, симболично пренесувајќи благослов, желби за здравје, среќа и благосостојба до вработените и до сите жители на Општина Центар. Посетата беше доживеана како чин на духовна сплотеност и надеж за успешна и мирна година.
Градоначалникот Горан Герасимовски му честиташе за подвигот и истакна дека ваквите традиции имаат особено значење за заедницата. Тој нагласи дека Општина Центар ќе продолжи да ги поддржува и негува обичаите што ги обединуваат граѓаните и внесуваат позитивна енергија во секојдневниот живот.
Дарко Митровиќ беше најсреќниот меѓу околу 160 учесници на централната манифестација кај мостот „Слобода“. Од Општина Центар му упатија честитки за овој значаен момент и му посакаа благословот да го следи него и неговото семејство во текот на целата година.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















