„Дебармаалски средби и серенади“ – љубов, традиција и боемски дух во Дебар Маало
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 13 Февруари 2026
Општина Центар и годинава е покровител на традиционалната манифестација „Дебармаалски средби и серенади“, организирана од здружението „Гороцвет“ и Здружението на пензионерите. Настанот се одржува по повод празникот на виното и љубовта и го негува културното наследство и боемскиот дух на Дебар Маало.
Манифестацијата започна кај кафеаната „Кај Жабарот“, каде градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со уметникот Живко Поповски-Цветин и присутните граѓани, симболично закрои лозово гранче, испраќајќи порака за љубов и мир. „Дебар Маало и денес е место каде се негуваат дружењата, уметноста и културата. Центар ќе продолжи да ја поддржува оваа прекрасна традиција и да ги пренесува овие вредности на идните генерации“, истакна Герасимовски.
Програмата продолжи со поетски рецитал, староградска музика и прошетка низ уличките и ресторани на Дебар Маало. Со поддршката на ваквите настани, Општина Центар ја потврдува својата посветеност на зачувување на традицијата, културното наследство и автентичниот боемски дух на оваа позната скопска населба.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















