Чаир
Започнува реализацијата на проектот за модерниот булевар „Мит’хат Фрашери“
- Детали
- Создадено: 14 Февруари 2026
Значаен инфраструктурен проект за Општина Чаир влегува во фаза на реализација. Модерниот булевар „Мит’хат Фрашери“ претставува важен чекор кон подобрување на патната инфраструктура и создавање пофункционална и побезбедна сообраќајна мрежа за граѓаните, информираат од општината.
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, реализираа теренска посета со цел одблиску да се информираат за започнувањето на основниот проект за изградба на булеварот, на делницата од раскрсницата со улицата „Џон Кенеди“ до раскрсницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, во должина од 1,4 километри.
Проектот предвидува современи сообраќајни решенија, вклучувајќи: 4 сообраќајни ленти (по 2 во секоја насока); Централен зелен појас за зголемување на безбедноста; Велосипедски патеки во двете насоки; Тротоари за безбедно движење на пешаците; Заштитно зеленило од страните и посебно уредени автобуски постојки.
Оваа инвестиција, финансирана од Град Скопје, претставува значајна додадена вредност за Чаир, подобрувајќи го сообраќајот, зголемувајќи ја безбедноста и приближувајќи ја општината кон стандардите на модерен, зелен и функционален град, додаваат оттаму.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















