Орце Ѓорѓиевски се сретна со претставници на ОПСЕ
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 10 Февруари 2026
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и претставници на Град Скопје денес одржаа работна средба со делегација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, предводена од Едвард Андерсон, шеф на Одделот за сигурност и поддршка на заедниците.
На средбата присуствуваа и членовите на делегацијата Алексеј Гавриш, Емили Гели и Африм Бајрами.
За време на средбата беа разгледани можностите за унапредување на соработката помеѓу Град Скопје и ОБСЕ, со посебен акцент на јакнењето и зголемувањето на ефикасноста на Локалните совети за превенција. Дополнително, беше истакната потребата од понатамошно зајакнување на стратешкото планирање, особено во контекст на претстојниот период до 2026 година.
Двете страни ја потврдија заедничката заложба за отворен дијалог, партнерски пристап и континуирана соработка, со цел унапредување на безбедноста и стабилноста на локалните заедници и во интерес на граѓаните.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















