Креативни работилници за Мартинки во „Катче за приказни“ во Скопје

Оваа недела, во просториите на „Катче за приказни“ во центарот на Скопје, на улица „Борка Талески“ бр. 21а, ќе се одржат детски креативни работилници посветени на традиционалниот обичај Мартинки.

 

Настанот ќе се реализира во два термина – од 11 часот за деца од 3 до 6 години и од 13 часот за деца постари од 6 години. Работилниците ќе траат по 90 минути, а бројот на учесници е ограничен, поради што е потребна претходна пријава.

 

Низ раскажување приказни и интерактивни активности, Василка Димитровска и Ена Чаусидис ќе ги запознаат најмладите со значењето и симболиката на мартинките, внесувајќи ги во духот на традицијата и пролетта.

 

Организаторите порачуваат дека секој јазол на мартинката носи порака за здравје и добросостојба, а работилницата претставува можност децата преку креативна работа да ја почувствуваат магијата на обичајот и празникот Баба Марта.

 

Настанот е во организација на „Катче за приказни“, во соработка со ХАЕМУС – носител на обичајот Мартинки впишан во УНЕСКО, како и со Kreaktiva – The Storytelling & Experience Design Studio.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.