Илинден го отвори буџетот: Граѓаните директно ги презентираа идеите за 2026 година

Општина Илинден ја потврди својата посветеност на транспарентната комуникација со граѓаните, организирајќи отворен ден посветен на креирањето на Буџетот за 2026 година.

 

Настанот се одржа во просториите на Општината, каде граѓаните имаа можност директно да ги презентираат своите идеи, барања и предлози пред општинското раководство. Градоначалникот Александар Георгиевски, заедно со претставници од општинската администрација и директорите на јавните претпријатија, оствари непосредна средба со жителите.

 

Со овој отворен пристап, граѓаните на Илинден добија можност директно да учествуваат во распределбата на средствата и во дефинирањето на приоритетите за наредната година.

 

Од Општината информираат дека сите поднесени предлози и барања ќе бидат темелно разгледани и анализирани од страна на стручните служби. Согласно финансиските можности на Општината и издржливоста на предложените проекти, тие ќе бидат вклучени во Програмата за работа и Буџетот на Општина Илинден за 2026 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.