„Зелена Општина Илинден“: Започна големата акција за пошумување, ќе се засадат над 600 садници
- Детали
- Категорија: Илинден
- Создадено: 04 Декември 2025
Општина Илинден започна со голема акција за пошумување на повеќе локации во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Во наредниот период ќе бидат засадени над 600 садници од различни видови, со цел подобрување на квалитетот на воздухот, унапредување на животната средина и подобрување на условите за живеење.
Во акцијата учествуваат општествено одговорни компании, граѓани, ученици, јавните претпријатија и општинската администрација. Садници се садат покрај пешачко-велосипедските патеки, улици, училиштата, детската градинка, спортските терени, како и во пределот на населеното место Мршевци, кој беше зафатен од пожари во текот на летниот период.
Акцијата денеска ја започнаа градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, заедно со генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, со засадување на високорастечки декоративни дрвца во делот кај новото основно училиште и домот за стари лица во Илинден.
Градоначалникот Георгиевски нагласи дека грижата за екологијата и здравата животна средина е заедничка одговорност и дека општината сè почесто организира вакви еколошки акции. Со проектот се настојува да се создаде почиста и позелена општина и да се подигне еколошката свест кај населението.
Георгиевски упати искрена благодарност до компаниите ТАВ, Дени Интернационал, Интер-Оил, Адора, Белина, Јоки10, Пекабеско, МАН и Елмед за нивниот придонес и донацијата на садниците, со што ја потврдија својата посветеност кон заштитата на животната средина.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












