Традиционално чествување на Водици во Илинден: Положување на светиот крст во водите на езерото кај хотел „Белви“
- Детали
- Категорија: Илинден
- Создадено: 16 Јануари 2026
Општина Илинден и црквата „Св. Константин и Елена“ ги покануваат верниците и граѓаните на традиционалната манифестација по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици. Централниот настан, чинот на положување на светиот крст, ќе се одржи во понеделник, на 19 јануари, со почеток во 12:00 часот во водите на езерото во хотелот „Белви“.
Сите граѓани кои сакаат да бидат дел од овој свечен чин и да се обидат да го фатат светиот крст, можат да се пријават во просториите на храмот „Св. Константин и Елена“ во населбата Илинден. За најсреќниот меѓу учесниците, кој ќе успее да го извлече крстот од осветените води, организаторите и покровителот Општина Илинден обезбедија пригодни награди и подароци.
Манифестацијата, која секоја година привлекува голем број посетители, има за цел да ја продолжи вековната традиција и да го одбележи празникот во дух на заедништво и духовна радост. Локалната самоуправа ги повикува сите жители на заедничко чествување на овој голем ден за православните христијани.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















