Одбележан празникот „Свети Трифун“ во Општина Илинден
- Детали
- Категорија: Илинден
- Создадено: 14 Февруари 2026
Со закројување на винова лоза во дворот на црквата „Свети Трифун“ во Ајватовци, Општина Илинден традиционално го одбележа празникот посветен на заштитникот на лозарите - Св. Трифун.
Чинот на закројување, како симбол на нов почеток и плодна година се одржа во присуство на бројни граѓани, љубители на виното и поддржувачи на локалната традиција.
Во рамки на манифестацијата „Саем на домашно вино“, во организација на црковниот одбор при црквата „Свети Трифун“, а под покровителство на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски беше организиран избор на најквалитетно домашно произведено вино на територија на општината.
Настанот годинава обедини 9 производители на домашно вино. Стручната комисија, составена од членови на здружението „Вински витези“, имаше одговорна задача да ги оцени пристигнатите примероци, при што согласно нивната одлука, Плакетата за најдобро домашно произведено вино му беше доделена на Ѓорѓи Цветановски, второто место го освои Слободан Јованоски, додека третото место му припадна на Тони Георгиевски. На сите учесници им беа врачени благодарници за учеството и придонесот во афирмацијата на манифестацијата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















