Карпош ја продолжува инклузијата на ромски деца во градинките – Потпишан нов трипартитен договор

Општина Карпош ја зајакнува својата посветеност кон инклузијата на децата Роми во предучилишното образование. Во Клубот на пратеници денеска беше одржана средба на која беа потпишани трипартитни договори за соработка помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади, Општина Карпош и детските градинки на нејзината територија.

 

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, го потпиша Договорот за соработка, кој е дел од проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишното образование“. Овој проект, кој Министерството го имплементира во соработка со Ромскиот образовен фонд, локалните самоуправи и детските градинки, успешно се реализира во Карпош веќе петнаесетина години во предучилишните установи „Пролет“ и „Сончогледи“ во населбата Влае 1.

 

Главната цел на проектот е отстранување на постоечките бариери за пристап до предучилишни установи за деца Роми на возраст од 3 до 6 години, како и нивна инклузија и социјализација. Истовремено, се зајакнува свеста кај родителите за големата важност на раниот детски развој и образованието на нивните деца.

 

Оваа година, во градинката „Сончогледи“ во Влае 1 се згрижени вкупно 10 деца од ромска националност, кои се жители на населбата Злокуќани. Општина Карпош ја поддржува оваа намена и во рамки на Програмата за активности од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2025 година, за оваа цел се предвидени финансиски средства во износ од 200.000 денари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.