Градоначалникот на Кисела Вода, Ѓорѓиевски, на средба со австрискиот амбасадор, Мартин Памер
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Создадено: 24 Јули 2025
Во Општина Кисела Вода се одржа средба помеѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и амбасадорот на Република Австрија во Македонија, Мартин Памер.
Градоначалникот Ѓорѓиевски го информираше амбасадорот за општите развојни насоки на Општина Кисела Вода, но и за пошироката слика од локалната самоуправа, зборувајќи од позиција на претседател на ЗЕЛС и пренесувајќи дел од искуствата и предизвиците со кои се соочуваат општините низ државата.
„Имав чест да остварам средба со амбасадорот на Австрија, Н.Е. Мартин Памер, со кој имавме искрен и продуктивен разговор за важноста на локалната власт како двигател на развојот. Споделивме размислувања за значењето на соработката меѓу општините и дипломатските претставништва, која може да донесе нови перспективи и поддршка во процесите на модернизација и ефикасно управување. Го информирав за тековниот развоен импулс во Општина Кисела Вода, динамичните процеси на инфраструктурна обнова, унапредување на јавните услуги, инвестициите и потенцирав дека преку систематска работа, планирање и отвореност кон граѓаните, создадовме општина која постојано се менува на подобро.
За мене, секоја соработка со напредни европски држави како Австрија е можност да учиме, да пренесуваме добри практики и да создаваме подобра иднина за сите наши граѓани. Затоа верувам дека и оваа средба претставува важен чекор кон воспоставување на конкретна и корисна соработка која ќе донесе реални придобивки за локалната заедница“, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















