"Приказна за Силјан" на режисерката Тамара Котевска руши рекорди

Во изминатиов период "Кино Балкан" активно го дистрибуира филмот "Приказна за Силјан" на режисерката Тамара Котевска. Филмот имаше проекции во повеќе од 15 градови во Македонија и руши рекорди, како по број на гледачи така и по број на локации каде е прикажан.

Она што се издвојува од оваа дистрибуција е активниот пристап и откривањето на нови региони и културни центри, овозможувајќи филмот да допре до секој гледач, до секое ќоше од републиката, овозможувајќи оваа исклучителна приказна да ја доживее секој жител на земјава.

Во иднина се планирани и организирани проекции за основни и средни училишта ширум државата, активно воведувајќи го филмското дело како дел од образовниот систем, пракса широко застапена во европските земји.

Време е македонскиот филм да го добие вистинското место во кино салите низ Македонија и да добие вистински третман. Време е македонскиот филм да и се врати на македонската публика, информираат од "Кино Балкан".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.