Заев и Филипче летаа со хеликоптер од Скопје до Прилеп, ДУИ користеа авион до Ниш времето на злоупотреба на државни ресурси заврши, Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на работа која носи резултати

Интегрално - Соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:

СДС повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија.

СДС без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста и шири дезинформации.

Јавноста добро памети дека Заев и Филипче одеа на настани во Македонија со државен хеликоптер. ДУИ пак, владиниот авион го користеле и за летови до Ниш. Јавноста добро се сеќава дека од 30 дена, владиниот авион ексминистрите на ДУИ и СДС го користеле 25 дена.

Заев и Филипче летаа од Скопје до Прилеп со хеликоптер на државна сметка.

Зоран Заев со Венко Филипче и Јагода Шахпаска, со хеликоптер на МВР, летаа до Прилеп на означување почеток на изградба на нова енергетски ефикасна градинка во сред пандемија.

Заев и Филипче наместо за борба против ковид 19, парите ги трошеа за летање со хеликоптер од Скопје до Прилеп.

Заев и Филипче ги злоупотребуваа државните ресурси, имајќи предвид дека едно летање на хеликоптер чини колку стотици вакцини и други потребни медицински материјали.

СДС наместо демагогии и лаги, да понудат идеи и конкретни решенија за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните и државата.

Врeмето на недомаќинско работење како во времето на СДС заврши.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на работа која носи резултати за подобар животен стандард на граѓаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.