Сарај
Се испумпува водата од поплавените објекти во селата Буковиќ и Семениште во Општина Сарај
- Детали
- Категорија: Сарај
- Создадено: 15 Февруари 2026
По пријавите за поплавени куќи во селата Буковиќ и Семениште во Општина Сарај, Центарот за управување со кризи веднаш ги активираше сите надлежни служби и обезбеди целосна координација на терен, информираат оттаму.
Екипи од Бригада за противпожарна заштита на Град Скопје и Тетово вршат испумпување на водата од поплавените објекти и расчистување на критичните точки, додека ЈП Водовод и канализација – Скопје стабилизираат и прочистуваат канализациската мрежа за да се спречат дополнителни излевања.
Паралелно, Дирекција за заштита и спасување ја проценува штетата и обезбедува логистичка и техничка поддршка во тесна координација со локалните структури.
Со координирано дејствување на сите институции, се преземаат интензивни мерки за најбрзо можно санирање на последиците, заштита на населението и минимизирање на материјалната штета. Надлежните служби остануваат на терен сè додека состојбата целосно не се стабилизира, информираат од Центарот за управување со кризи.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















