Безвременската „Зајди, зајди“ во изведба на Филип Стојковски ќе го направи горд секој Македонец

Младиот македонски пејач кој неодамна се оствари во улогата на татко, Филип Стојковски ја препеа безвременската „Зајди, зајди“, а неговата маестрална изведба ги воодушеви Македонците ширум светот.



Иако се смета за една од најтешките песни отпеани на македонски јазик и не секој пејач може соодветно да ја отпее, сепак, со својот автентичен глас и силна интерпретација Филип ја донесе во вистинско светло.

- Често ми ја бараат оваа песна на моите настапи, особено кога со бендот настапуваме надвор од границите на нашата земја и секогаш ми е задоволство да ја пеам. Сакав да остане како видео на мрежите за да може јавноста да ја слушне во секое време. Ги пеам и „За Милица“, „Ја излези Ѓурѓо“, „Девојче бело црвено“ и ред други, си ја сакам и почитувам македонската песна и традиција, вели Филип.

Бендот на Филип Стојковски, покрај него како вокал и фронтмен, го сочинуваат и Ангел Глигоров (виолина), Милош Тошевски (бас клавијатури), Никола Стојмановски (клавијатури) и Гоце Узунски (ударни инструменти).

Во продолжение слушнете ја „Зајди, зајди“ и уживајте во изведбата на Стојковски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.