Антониа Гиговска на најгламурозната Денска Нова Година во PARK

Скопската традиција за дневни новогодишни забави добива нов, гламурозен израз оваа година. Сите патишта на 31 декември (среда) ќе водат кон PARK by Ragusa Group, каде ќе се одржи најспектакуларната денска прослава на Новата Година, со ексклузивен настап на популарната Антониа Гиговска.

 

Настанот започнува во 12:0сот напладне, воведувајќи нов концепт на празнична енергија и урбана еуфорија, инспириран од светските трендови за дневни новогодишни забави. Во прекрасниот амбиент на PARK, посетителите се очекува да уживаат во врвна атмосфера, поддржана од модерна продукција и бројни празнични изненадувања.

 

Антониа Гиговска, позната по својот препознатлив глас и автентичен стил, подготвува специјален сет кој ќе ги комбинира нејзините најголеми хитови со уникатен сценски перформанс. Нејзиниот настап ветува незаборавна забава и донесување вистинска празнична емоција во последниот ден од годината.

 

Билетите за овој спектакуларен настан се веќе пуштени во продажба и може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikarta.com. За дополнителни информации и резервации, организаторите ги упатуваат заинтересираните да контактираат на телефонските броеви 071 444 614 и 071 666 356.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.