Францускиот DJ HUGEL се враќа во Македонија: Спектакл во СЦ „Борис Трајковски“ во март 2026
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 09 Декември 2025
Француската диџеј суперѕвезда и продуцент HUGEL, по незаборавниот и епски настап во Охрид, најавува свое враќање во Македонија, овојпат со настап во Скопје. Моментално еден од најпопуларните артисти во електронската музика, HUGEL ќе одржи концерт во СЦ „Борис Трајковски“ на 13 март 2026 година. Најавен како едно од најголемите електронски музички случувања во регионот за 2026 година, се очекува настанот да биде погласен и пожесток од било кога.
HUGEL е светски познат по неговиот уникатен стил, кој успешно ги спојува tech-house, latin-house и европскиот клубски звук. Неговата музика е редовно меѓу најстримираните на глобалните платформи, а тој е постојано присутен на најголемите светски фестивали и клубови како Tomorrowland, Ushuaïa Ibiza и Parookaville.
Организаторите, поттикнати од епските реакции по настапот во Охрид, најавуваат шоу на светско ниво. Тие ветуваат продукција комплетно усогласена со стандардите што HUGEL ги изведува на најголемите сцени.
Продажбата на билетите започнува денеска, 9 декември, во 10:00 часот преку официјалната платформа kupikarta.com. Организаторите најавуваат ограничена промотивна понуда:
SUPER EARLY BIRD билети по цена од 1.200 денари, достапни само во првите 24 часа од стартот на продажбата.
Ексклузивни MEET & GREET backstage пакети, резервирани за првите 100 најбрзи купувачи. Овие пакети вклучуваат пристап до бекстејџот и кратка средба со артистот пред почетокот на шоуто.
Се очекува голем интерес од локалната и меѓународната публика, при што организаторите апелираат љубителите на електронската музика да реагираат навреме, особено поради ограничените промотивни понуди.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












