Дарио Ивановски со трет најдобар резултат во неговата кариера
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 16 Февруари 2026
Дарио Ивановски постигна трет најдобар резултат во неговата спортска кариера и ја мина целта со време од 2:12:23 часа на меѓународниот маратон во Севиља, Шпанија.
Тој уште еднаш ја потврди својата одлична форма и врвна подготвеност, а со постигнатиот резултат ја зацврстува својата позиција за пласман преку ранкинг на ЕП во Бирмингам.
Во исклучително тешка и масовна конкуренција, тој го зазеде 38-то место, покажувајќи неверојатна ментална и физичка сила во клучните моменти од трката.
"Овој успех на Дарио е само уште една потврда дека неговата посветеност и патот кон Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 се правилно трасирани. Како стипендист на МОК, тој е пример за професионализам и мотив за сите млади и идни врвни македонски спортисти-Олимпијци. МОК продолжува да дава целосна поддршка во неговите подготовки и учество на врвни спортски настани, верувајќи дека најдоброто од Дарио допрва претстои", информираат од МОК.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















