Смртен оружен напад во средно училиште во Канада

Десет мртви, вклучувајќи го и напаѓачот и над 25 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада, јавуваат тамошните медиуми.

Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без знаци на живот во куќа во близина на училиштето.

Полицијата верува дека двата смртни случаи во куќата се поврзани со инцидентот во училиштето.

Единствениот осомничен бил пронајден мртов во училиштето, најверојатно „сам си пресудил“.

Полициските службеници веруваат дека го идентификувале напаѓачот, но рекоа дека ќе „се борат“ да го утврдат мотивот за едно од најсмртоносните пукања во училиште во канадската историја.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.