Герасимовски: Сервисот за стари лица носи грижа и човечка топлина во домовите на повозрасните
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 26 Јануари 2026
Општина Центар продолжува со реализација на проектот „Сервис за стари лица – Центар се грижи за возрасните“, преку кој обезбедува директна и континуирана поддршка за своите повозрасни сограѓани во нивните домови.
Една од корисничките на услугата е 72-годишната Снежана Димовска, која веќе четири години добива помош поради отежнато движење. Таа од самиот почеток ја има истата негувателка, која неколку пати неделно ѝ помага околу личната хигиена, домаќинството, движењето, лекарските посети и набавката на лекови, но и ѝ овозможува дружење и разговор.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека станува збор за исклучително успешен проект, кој се реализира во соработка со невладината организација „Хуманост“. Како што посочи, услугата месечно опфаќа околу 100 жители и обезбедува непосредна грижа, поддршка и чувство на сигурност за повозрасните лица.
Преку овој сервис, корисниците бесплатно добиваат помош од обучени негуватели, како и поддршка од физиотерапевт и социјален работник, сè со цел да им се олесни секојдневното функционирање и да им се подобри квалитетот на живот.
Право на користење на услугата имаат лица постари од 62 години, корисници на пензија или социјална помош, со месечни примања до 35.000 денари и живеалиште на територија на Општина Центар.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















