Општина Гази Баба објави јавен повик за доделување 55 стипендии на надарени и талентирани ученици за учебната 2026/2027 година.
 
Општина Гази Баба, во соработка со општествено одговорната компанија „Масмен Инвестмент“, реализираше хуманитарна донација за потребите на Клиниката за детски болести во Скопје, со цел подобрување на условите за престој и работа на пациентите и медицинскиот персонал.
 
Македонските академски граѓани од денеска добиваат сместување кое целосно ги исполнува современите европски стандарди, по официјалното пуштање во употреба на целосно обновениот студентски дом „Стив Наумов“ во скопската општина Гази Баба.
 
Новата детска градинка „Лавче“ во населеното место Инџиково наскоро официјално ќе започне со работа, со што најмладите жители добиваат нов, современ и безбеден простор приспособен за игра, едукација и социјализација.
 
Повеќе од 20.000 граѓани, според објавата на градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, синоќа присуствувале на големата прослава по повод 50-годишнината од основањето на општината.
 
Во Домот на културата во Ченто, во Општина Гази Баба, официјално беше отворена новата канцеларија „Една точка за услуги“, чија цел е да ги донесе институциите поблиску до граѓаните и да ги поедностави административните процедури.
 
Општина Гази Баба одбележува 50 години постоење, а големиот јубилеј ќе биде прославен со музичка вечер на 18 септември (петок) на плоштадот во Автокоманда.
 

Бесплатен престој во градинка за децата Роми во Гази Баба

Децата Роми од Општина Гази Баба ќе имаат целосно бесплатен престој во детска градинка, преку проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки“.
 
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, објави нова одлука според која почетокот на секоја нова училишна седмица во основните училишта на територијата на општината ќе започнува со интонирање на химната на Република Македонија.
 
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска презентираше отчет за првата година од неговиот втор мандат, при што оцени дека општината во овој период прераснала во „едно големо градилиште“ со 168 реализирани или започнати проекти.
 
Нови училишни униформи добија учениците од основните училишта во Општина Гази Баба, како дел од практиката што општината ја спроведува трета година по ред.
 
Поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник Ф100 милиметри на улица „Финска“ бр. 198, денеска, 3 септември, без вода ќе останат корисниците од улицата „Финска“.
 
По повод големиот јубилеј, на сцената ќе настапат познати музички имиња од Македонија и Балканот, најавувајќи вечер исполнета со музика, забава и добра атмосфера.
 
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, упати апел до родителите и учениците во пресрет на новата учебна година за строго почитување на правилото со кое се забранува користење мобилни телефони и електронски уреди за време на наставниот процес.
 

Гази Баба додели субвенции за набавка на пелети

Општина Гази Баба денеска ги додели решенијата за субвенции за набавка на пелети за домаќинствата, мерка која годинава првпат се реализира во општината.
 
Во населеното место Идризово започна реализацијата на првата фаза од изградбата на новата фекална канализациска мрежа, проект кој треба да реши долгогодишен инфраструктурен проблем за жителите.
 

Без струја до 13 часот дел од Автокоманда

Денеска, 20 август, дел од корисниците во Автокоманда ќе останат без електрична енергија поради интервенција на електродистрибутивната мрежа.
 
Одделението за заштита и спасување реализирало итна терестичка адултицидна дезинсекција на критични и приоритетни точки на територијата на општината, со цел да се намали бројот на комарци и ризикот од понатамошно ширење на болеста.
 

© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.