Над 20.000 граѓани на прославата на 50-годишнината на Гази Баба
- Детали
- Категорија: Гази Баба
- Создадено: 19 Септември 2026
Повеќе од 20.000 граѓани, според објавата на градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, синоќа присуствувале на големата прослава по повод 50-годишнината од основањето на општината.
Централниот настан се одржа во Автокоманда, каде што граѓаните имаа можност да проследат музичка програма и настапи на повеќе македонски и регионални изведувачи.
На прославата настапија Мелани Тарчуловска, Огнен Здравковски, Два Бона, Каролина Гочева и Пеѓа Јовановиќ.
Стефковски во објавата на социјалните мрежи упати благодарност до граѓаните кои присуствувале, како и до компаниите кои, како што наведува, помогнале во реализацијата на програмата.
Прославата беше организирана во рамки на одбележувањето на 50 години Општина Гази Баба, а според Стефковски, настанот поминал во знакот на музика, забава и дружење на граѓаните.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













