Реконструкција на улиците „Иван Хаџиниколов“ и „Герника“ во Драчево
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Создадено: 06 Октомври 2026
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, изврши увид во тековните градежни активности за целосна реконструкција на улицата „Иван Хаџиниколов“ со придружните краци и улицата „Герника“ во населбата Драчево.
Проектот опфаќа инфраструктурен зафат во вкупна должина од 1,9 километри, чии средства се обезбедени од Владата преку унгарскиот кредит, а се реализира во координација со Министерството за транспорт.
Градоначалничката истакна дека овој капитален проект е резултат на одличната институционална соработка и синергија, со што директно се подобрува секојдневието на жителите од овој дел на општината.
Таа порача дека локалната самоуправа продолжува со посветената работа за обезбедување современа урбана инфраструктура и побезбедни услови за живот за сите граѓани.
Фото: https://www.facebook.com/betistamenkoska
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















