Започна исплатата на финансиските права од социјална, детска и цивилна заштита за септември
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 05 Октомври 2026
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска, 5 октомври 2026 година, официјално започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2026 година.
Корисниците кои поседуваат дебитни картички можат слободно да ги подигнуваат средствата преку банкоматите на банките, да вршат безготовински плаќања во трговската мрежа или да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство.
За оние корисници кои не користат картички, средствата се достапни за подигнување во сите отворени филијали и експозитури на комерцијалните банки.
Од Министерството дополнително појаснуваат дека подготовката за исплата на правото на родителски додаток е во тек и истата наскоро ќе биде реализирана.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













