Градоначалникот Митески: Општина Аеродром отвора нови можности за претприемачите преку мерката за самовработување

Во Општина Аеродром, во соработка со Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) и Агенцијата за вработување, започна реализацијата на мерката „Поддршка за самовработување – Претприемништво“.

 

Градоначалникот Дејан Митески истакна дека оваа иницијатива претставува значаен чекор во поддршката на сите лица со иновативни идеи и храброст да започнат сопствен бизнис, со што директно се инвестира во отворање нови работни места и развој на локалната економија.

 

Митески потенцираше дека малите и средни претпријатија се вистински амбасадори на локалниот потенцијал на Аеродром, поради што обврска на локалната самоуправа е да обезбеди стимулативна средина за нивен развој.

 

Тој изрази посебна благодарност до заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорката на ИНОВА Даниела Димовска и заменик-директорката на Агенцијата за вработување Весна Пешова за нивната посветеност и партнерство во овој процес.

 

На крајот, градоначалникот им посака многу успех на сите учесници на обуките, изрази верба дека меѓу нив се кријат идните успешни бизнис-приказни на општина Аеродром и потврди дека општината ќе остане отворен партнер за сите што сакаат да создаваат нови вредности.

 

Фото: https://www.facebook.com/miteskid





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.