Министерот Минчев во Рим: Македонија ја претстави реформата за професионална администрација пред италијанската елита
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 05 Октомври 2026
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во рамките на официјалната посета на Рим, се обрати пред над 100 високи раководители и учесници во едукативната програма на престижната Национална академија за јавна администрација на Италија (SNA).
Во своето обраќање, Минчев ги презентираше клучните реформи што државата ги презема во насока на професионализација на административните службеници, со акцент на воспоставувањето на новата Академија за професионален развој и обука.
Минчев истакна дека целта е оваа институција да прерасне во динамична платформа за лидерство, размена на искуства и градење компетенции според највисоките европски стандарди, при што се користи и богатата италијанска традиција и експертиза.
Дополнително, министерот се осврна на новото законско решение за високите раководни позиции, кое стапува во сила во текот на овој месец (октомври 2026 година), нагласувајќи дека фокусот е ставен на мерит-системот, заслугите и вистинската одговорност во пракса.
Посетата на италијанската Академија доаѓа како заокружување на значајните активности во Рим, во чии рамки беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу македонското Министерство за јавна администрација и Одделот за јавна администрација при италијанскиот Совет на министри, со што се отвораат нови патишта за институционално партнерство.
Фото: https://vlada.mk/
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













