„Приказна што се носи“ во Археолошкиот музеј: Старите музејски банери претворени во уникатни модни парчиња

Во Националниот археолошки музеј во Скопје вечерва со почеток во 18:00 часот ќе се одржи инклузивниот и креативен настан „Приказна што се носи“, посветен на одржливоста и заштитата на животната средина.

 

Археолошкиот музеј со „Приказна што се носи“

 

Во рамките на иницијативата, старите банери од минати музејски изложби добиваат сосема нов живот преку преработка во уникатни рачно изработени чанти, ранци и несесери.

 

Проектот е реализиран во соработка со ДСУРЦ „Партенија Зографски“ и креативниот иницијатор „Прекроено МК“, со што се става акцент на важноста од повторната употреба на материјалите, социјалната инклузија и заедничката работа.

 

Овој настан е дел од официјалната програма со која Археолошкиот музеј ги одбележува Европските денови на културното наследство, следејќи ја овогодишната темата „Наследство во ризик – Оживеј – Заштити – Преосмисли“.

 

Преку специјална ревија на овие креации, организаторите покажуваат дека отпадните материјали можат да прераснат во вредни предмети со своја сопствена приказна.

 

Фото: Министерство за култура и туризам





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.