Националниот џез-оркестар ја отвора новата сезона со ексклузивен концерт на 7 октомври со добитници на Греми

Националниот џез-оркестар на 7 октомври 2026 година, со почеток во 20:00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе ја отвори новата концертна сезона со ексклузивен настап заедно со истакнатиот њујоршки композитор, аранжер и тапанар Ден Пугач.

 

На концертот како специјални гости ќе настапат и добитничката на Греми награда, вокалистката и пијанистка Никол Зураитис (Nicole Zuraitis), како и трубачот Џонатан Сарага (Jonathan Saraga), со што скопската публика ќе има можност да ја искуси автентичната енергија на современата њујоршка џез-сцена.

 

Музичкиот настапувачки дел ќе се реализира под диригентската палка на макроестро Џијан Емин, а заинтересираните граѓани можат да обезбедат билети преку онлајн продажните места и мрежата на MKTickets.

 

Фото: Министерство за култура и туризам





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.