Ново мултифункционално спортско игралиште во Сопиште: Министерот Ристовски и градоначалникот Мицевски го пуштија во употреба новиот спортски простор

Жителите на Општина Сопиште добија ново, современо мултифункционално спортско игралиште, кое е целосно реконструирано преку соработка помеѓу Општина Сопиште, Министерството за спорт и Владата.

 

Новиот спортски терен, лоциран наспроти општинската зграда, денеска свечено го пуштија во употреба министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски.

 

Просторот е опремен со терени за фудбал, ракомет и кошарка, модерна спортска опрема, трибина и заштитна ограда, со што на децата, младите и сите граѓани им се овозможуваат квалитетни и безбедни услови за спортување и рекреација.

 

Министерот Ристовски нагласи дека инвестициите во спортската инфраструктура остануваат врвен приоритет на Владата и Министерството, со цел граѓаните во сите општини да добијат пристап до соодветни услови за правилен развој и поттикнување на спортскиот дух кај младата популација.

 

Фото: https://ms.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.