Амбасадорот на ЕУ ги додели медалите на „EU for Sport Relay“

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, им ги додели медалите на победниците на штафетната трка „EU for Sport Relay“, која се одржа во рамки на годинашниот Скопски маратон.

Од Делегацијата на ЕУ информираат дека маратонот годинава собра рекордни 15.000 тркачи, а во штафетната трка учествуваа шест тимови на „Team Europe“.

Од Делегацијата посочуваат дека штафетната трка од година во година го зајакнува тимскиот дух и упатија честитки до победниците и сите учесници.

 

Фото - Делегацијата на ЕУ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.