ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со Петровска ја разобличи хипокризијата и двојните стандарди на Венко Филипче

Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ излегоа со остри обвинувања кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека неговата борба против корупцијата е селективна и се користи исклучиво за партиски пресметки.

 

Повод за реакцијата е отворањето на случајот со набавката на хеликоптери и милионските разлики од страна на Филипче, насочен кон Славјанка Петровска, откако таа се приклучи кон новоформираната Платформа „12.05“ и јавно побара негово повлекување од лидерската функција.

 

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат зошто Филипче молчел со години доколку располагал со информации за наводни злоупотреби тешки 37 милиони евра, и зошто истите не ги доставил до надлежните институции порано, наместо да ги обелоденува дури откако Петровска станала негов политички критичар.

 

Во соопштението се нагласува дека европските вредности и владеењето на правото подразбираат транспарентност и нулта толеранција кон корупцијата во сопствените редови, а не само декларативна борба кога тоа политички одговара.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.