Ново богато војничко погребување од VI век п.н.е. откриено на локалитетот Расница кај струшко Корошишта
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 05 Октомври 2026
На археолошкиот локалитет Расница кај струшкото село Корошишта е откриено ново, исклучително богато војничко погребување датирано од VI век пред новата ера.
Во новооткриениот гроб археолозите пронајдоа штит, шлем, копја и меч, како и раскошни гробни прилози изработени од злато, бронза и килибар, со што се продолжува низата сензационални наоди на оваа локација.
Ова откритие доаѓа како продолжение на значајните истражувања од 2024 година, кога на истиот локалитет беше откриена монументална гробна целина со бронзен шлем со златни апликации, бронзен штит, златни предмети, сребрени игли и садови.
На денешната заедничка прес-конференција, претставници од Националниот археолошки музеј од Скопје, Управата за заштита на културното наследство, Заводот и музеј – Охрид и струшкиот музеј истакнаа дека овие наоди ја потврдуваат Расница како врвна архајска некропола, отворајќи нови можности за проучување на древните елити, погребните обичаи и воената структура во Охридско-струшкиот Регион.
Фото: Министерство за култура и туризам
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













