Мицкоски: Новата градинка во Теарце ќе згрижува 147 деца

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на новиот објект на детска градинка во Општина Теарце, кој, како што рече, има значење и за поширокиот регион.

Мицкоски истакна дека со отворањето на објектот повеќе нема листа на чекање, а капацитетот е исполнет со 147 деца. Тој посочи дека станува збор за енергетски ефикасен објект во кој децата ќе можат да растат и да ги поминуваат своите детски години.

Премиерот им се заблагодари на градоначалникот на Теарце, министерот за социјална политика, демографија и млади, амбасадорот на ЕУ, Михаел Рокас, како и на пратениците од Полошкиот регион и локалната администрација за поддршката во реализацијата на проектот.

Мицкоски најави дека Владата и во иднина ќе продолжи да финансира проекти во локалната самоуправа. Според него, од изборот на Владата во јуни 2024 година досега, повеќе од половина милијарда евра се реалоцирани од централниот буџет кон општините за финансирање на проекти.

„Тоа е нешто коешто досега во историјата на државата не се случило“, рече Мицкоски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.