Сончево и релативно топло, утрата студени на почетокот на неделата

Стабилно, сончево и релативно топло време се очекува во првите денови од неделата. Утрата ќе бидат ведри и студени, додека дневните температури ќе достигнуваат до 29 степени.

Денеска, 5 октомври, минималните температури ќе се движат од -3 до 8 степени, а максималните од 22 до 29 степени. Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло, со слаб ветер од јужен правец.

Во вторник, 6 октомври, времето ќе биде сончево и релативно топло, со минимални температури од -3 до 8 степени и максимални од 22 до 29 степени. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

В среда, 7 октомври, ќе преовладува сончево и релативно топло време. Утринските температури ќе се движат од -2 до 9 степени, а дневните од 21 до 27 степени, со слаб ветер од јужен правец.

В четврток, 8 октомври, утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе достигнат од 21 до 28 степени, со слаб до умерен ветер од јужен правец.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.