Се уредуваат зелените површини на повеќе локации во Скопје

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска реализираат активности за уредување и одржување на зелените површини на повеќе локации во Скопје.

Во мега паркот Бутел се врши континуирано уредување и одржување на просторот, како и наводнување на зелените површини. Од претпријатието информираат дека паркот е подготвен за посетителите.

Дополнително, уредена е средишната лента на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“.

Во реонот Чаир се косат и уредуваат тревните површини, а се работи и на уредување на кружниот тек.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.