ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шират паника и аларми за ПИОМ, додека нивните функционери водители на антидржавна политика се плашат од реформи и европски напредок

Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ излегоа со остра реакција на најновите прес-конференции и обвинувања од редовите на опозициската СДСМ, оценувајќи дека изјавите на Андреј Жерновски и Јована Тренчевска претставуваат само повторување на „предавнички политики“ и ширење вештачка паника кај граѓаните.

 

Од партијата истакнуваат дека хистеријата во опозицијата се кренала токму во момент кога на средбите со претседателката на Европската комисија се иницирало подобрување на македонските преговарачки позиции и отворање пат кон ЕУ, обвинувајќи го СДСМ дека им пречи секој успех на државата.

 

Во соопштението се отфрлаат како неосновани тврдењата дека Пензискиот фонд е пред колапс и дека пензиите се во ризик, нагласувајќи дека фондот е стабилен, пензиите се исплаќаат навремено, а пензионерите во изминатите две години добиле значајно линеарно зголемување за разлика од „мизерните зголемувања од 90 денари“ во времето на поранешната власт.

 

ВМРО-ДПМНЕ порачува дека апокалиптичните сценарија на опозицијата за економијата и пензиите ќе се стопат како меур од сапуница, додавајќи дека единствената вистинска криза и загрозеност на политичката сцена во моментов владее токму во редовите на СДСМ поради внатрепартиски проблеми и недоверба од граѓаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.