СДСМ: Власта го доведе ПИОМ пред колапс со дупка од 1 милијарда евра, се подготвува удар врз платите и заштедите на граѓаните
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 06 Октомври 2026
Пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната прес-конференција изнесе сериозни обвинувања на сметка на Владата, истакнувајќи дека премиерот Христијан Мицкоски и актуелната власт го донеле Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) пред целосен колапс.
Според неа, дефицитот во Пензискиот фонд достигнал историски размери од 1 милијарда евра, што претставува над 14% од целиот државен буџет, а анализите на Фискалниот совет предупредуваат дека оваа „дупка“ во наредните години може да се зголеми на 1,3 милијарди евра.
Тренчевска нагласи дека и покрај зголемувањето на придонесот за ПИОМ преку пренасочување на средствата од Агенцијата за вработување, финансиската состојба се влошува, а исплатата на пензиите е доведена во ризик.
Таа обвини дека власта планира нови наноси врз економијата преку зголемување на придонесите за пензиско осигурување, што дополнително ќе ги зголеми трошоците за работодавачите и ќе резултира со помали нето-плати за работниците.
Исто така, од опозициската партија предупредија дека власта наводно под изговор за „измислени инвестиции“ се подготвува да посегне и по заштедите на граѓаните од вториот пензиски столб, оценувајќи го тоа како класичен арамилук со животната сигурност на сегашните и идните пензионери.
Фото и видео: СДСМ
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















